Германија: Уапсен Сириец со „конкретни" планови за напад

Специјалните сили на германската полиција рано изутрина го уапсија Сириецот, Џемен А. (19), под сомневање дека подготвувал напад за да убие што повеќе лица.
Тој беше уапсен во Шверин, во североисточниот дел на земјата, по налог на Обвинителството, а полицијата го претресувала станот во кој живеел, како и на неколку други лица кои сѐ уште не се осомничени.
Според истрагата, обвинетиот подготвувал „исламистички мотивиран" напад со експлозив во Германија.
- Плановите веќе беа „конкретни", велат властите.
Џемен А. одлучил во јули 2017 година да изведе напад со експлозив „за да убие и повреди колку што е можно повеќе луѓе", објаснува обвинителот.
За таа цел, тој купил делови и хемиски состојки за изработка на бомби.
Обвинителството наведува дека сè уште не е познато дали осомничениот веќе имал на ум одредена цел за бомбашкиот напад.
Нема индикации дека Џемен А. било член на терористичка организација, наведува обвинителството, не соопштувајќи кога тој пристигнал во Германија.
Уапсениот очигледно планирал самостоен терористички напад, посочува Обвинителството.
Ново на Сител
-

Струјата нема да поскапи, се разгледува опцијата за пониско ДДВ кај храната
-

Стартува ИНТЕРДЕЈ – струја ќе се купува по пазарни цени, истиот ден, а не ден претходно
-

Дигитализацијата и подмладокот предизвици за сметководствената професија
-

Колку државата вложува во талентираните ученици?
-

На Славјански универзитет издале диплома во 2016 година со Република Северна Македонија: Случајот пријавен во ЈО
-

На 9 мај „Нож и виљушка на европска чинија“, забава и дружење во Општина Центар
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Власта брза на избори
