-->
-->
Германија во исчекување на одлуката на Меркел за позицијата канцелар
-->

Германија очекува да дознае дали канцеларката Ангела Меркел денеска ќе ја објави кандидатурата за четвртиот мандат како шеф на германската Влада, јави дописникот на МИА од Берлин.
Одлуката се очекува да биде соопштена вечерва во 19 часот за кога нејзиниот кабинет закажа прес-конференција по средбата со раководствот на Христијанско-Социјалната Унија (ЦДУ).
Според неофицијалните најави Меркел треба да објави дека останува во политиката и оти ќе се кандидира за канцеларка од редовите на нејзината сестринска коалиција (ЦДУ и баварската ЦСУ).
Меркел (62) се смета за стабилизирачка политичка фигура во ЕУ по одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ и по изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД.
Меркел е на чело на најголемата европска економија од 2005 година, а ако одлучи да остане на чело на ЦДУ таа во септември идната година ќе има тешка задача да го продолжи животот на „Големата коалиција“ составена од умерените десничари од ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократите (СПД).
Падот на рејтингот на владејачката коалиција, која сега е на граница на потребните 51 проценти од гласовите поради политиката на отворени врати за бегалците, може да отвори нови комбинации за состав на новата влада во која според се е има место за ЦДУ на Меркел.
Другата можна комбинација за ново владејачко мнозинство е коалиција меѓу СПД, „Левицата“ и „Зелените“ која што е се помалку реална откако коалицијата на власт се согласи министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер да биде иден претседател на Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
