-->
-->
Германија враќа во Австрија се повеќе мигранти кои се упатиле кон скандинавски држави
-->

Германија враќа во Австрија се повеќе мигранти кои се упатиле кон скандинавските држави, соопшти австриската полиција.
– Бројот на мигранти кои се вратени дневно се зголемил од 60 во декември на 200 од почетокот на годината, соопшти портпарол на полицијата во провинцијата Долна Австрија.
Поголем дел од мигрантите кои минуваат низ Австрија на пат за Германија, минуваат низ тој регион. Дневно бројката е меѓу илјада и 2.000 луѓе.
Најголем дел мигранти кои се вратени од Германија не добиле дозвола за престој на нивна територија бидејќи не сакале азил во државата, објаснија од полицијата. Најголем дел се Авганистанци кои се уаптиле кон Шведска и Данска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
-

Иран: Ормутскиот теснец е под наша контрола, бродовите мора да плаќаат такса
-

Прилепската болница за прв пат доби апарат за оптичка кохерентна томографија
