Германската експериментална вакцина предизвика имун одговор кај луѓе
– Експерименталната вакцина на германската компанија Кjурвак против Ковид-19 предизвика имун одговор кај луѓето, соопшти денеска компанијата.
– Многу сме охрабрени од податоците од првата фаза, рече извршниот директор Франц-Вернер Хас
Биотехнолошката компанија го користи таканаречениот РНК пристап, ист како „Модерна“, како и Бионтек и неговиот партнер Фајзер, кои започнаа масовно тестирање на луѓе кон крајот на јули.
Кјурвак информира дека нивната потенцијална вакцина, позната како CVnCoV, генерално добро се поднесува и компанијата планира да почне со последната фаза на тестирање на луѓе пред крајот на годината.
Компанија поддржана од германскиот инвеститор во биотехнологија Дитмар Хоп, фондацијата Гајетс и ГлаксоСмитКлајн, соопшти дека волонтерите развиле нивоа на неутрализирачки антитела како луѓе кои се опоравуваат од тешка форма на Ковид-19.
Ново на Сител
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
-

ЛКМ со историско катче кое содржи медицинска опрема од пред 100 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
-

Со помош на Светска Банка рехабилитирани 103км локални патишта - следува подобрување на хигиената
-

36 милиони денари за СКАДА систем во штипски „Исар“
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
