Германската министерка за одбрана побара построги санкции против Русија
Новоименуваната германска министерка за одбрана Кристин Ламбрехт се заложи денеска, пред да замине за Литванија, за воведување построги санкции против Русија, која распореди десетици илјади војници во близина на нејзината граница со Украина.
Ламбрехт, која пристигна во Литванија во својата прва странска посета, ќе ги посети воените единици во земјата-членка на НАТО, која е исто толку загрижена за регионалната безбедност како и балтичките држави Естонија и Летонија, пренесува Бета.
– Оние кои се одговорни за каква било агресија треба да сносат „лични последици“, изјави Ламбрехт за германскиот неделник „Билд ам Зонтаг“, додавајќи дека Германија и нејзините сојузници се „на мета“ на рускиот претседател Владимир Путин и неговите блиски соработници.
– Треба да ги исцрпиме сите можности за дипломатски и економски санкции, додаде министерката, која е од редовите на социјалдемократите, а функцијата ја презеде во декември, кога во Германија беше формирана нова владејачка коалиција.
Таа порача дека секој дополнителен чекор треба да се направи во договор со сојузниците. Министерката Ламбрехт ќе се сретне со својот литвански колега Арвидас Анусаускас и ќе разговара за безбедносната состојба и билатералните односи, соопшти литванското Министерство за одбрана.
Околу 550 германски војници се распоредени во воената база Рукла во Литванија, а Германија е на чело на мултинационален баталјон во таа земја.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
