-->
-->
Германската полиција спречи напад врз Берлинскиот полумаратон
-->

Германската полиција спречи терористички напад врз Берлинскиот полумаратон, објави електронското издание на весникот „Велт“.
Органите на редот уапсиле четири лица, меѓу кои еден главен осомничен кој планирал напади со нож врз гледачи и учесници на спортскиот настан.
Според информација на весникот, осомничениот бил близок познаник на Тунижанецот Анис Амри кој изврши напад врз божиќниот базар во Берлин во декември 2016 година во кој загинаа 12 лица.
Мажот одамна бил под надзор од страна на полицијата, поради што не постоела конкретна закана.
Според информации на безбедносните сили, тој сакал да се одмазди за смртта на Амри кој беше застрелан од полицијата во Италија неколку дена по нападот во Берлин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
