-->
-->
Германски суд овозможи градовите да воведат забрана за дизел возила
-->
Сојузен управен суд во Лајпциг денеска дозволи воведување забрана за движење на возила со дизел мотори со цел намалување на штетните честички и гасови во германските градови.Судот со тоа ја отфрли жалбата на сојузните покраини Баден Вуртемберг и Северна Рајна Вестфалија каде управните судови одлучија градовите Штутгарт и Дизелдорф да може да забранат управување возила со таков вид мотори.
Сојузните покраини потоа му се обратија на Сојузниот управен суд во Лајпциг барајќи разјаснување на прашањето дали постојат правни темели за воведување на забраната. Судот во Лајпциг заклучи дека нема правни пречки, но дека градовите мора одлуката за забрана за движење на возила со дизел мотори да ја воведат постапно и мора да се воведат и исклучоци, на пример за мали фирми.
„Забраната останува последно средство во остварување на целта за постигнување дозволена концентрација на штетни честички“, се вели во образоложението на пресудата.
Пресудата, освен тоа, предвидува и преодни рокови и воведување на забрана за возење „дизели“ во фази. Во Штутгарт нема да биде можно вовоедување забрана пред 1 септември 2018 година.
Одлуката на Сојузниот управен суд се однесува на Штутгарт и на Дизелдорф, но и на останатите 70 градови во Германија каде вредноста на штетните честички се над дозволените граници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
