Германскиот кабинет планира да и дозволи на армијата да соборува нелегални беспилотни летала
Германскиот кабинет утре треба да одобри амандман што ќе им овозможи на вооружените сили да соборуваат нелегални беспилотни летала, се вели во нацрт-амандманот во кој имале увид западни медиуми. Тоа се случува по неколку обвинувања за нелегални летови над критична инфраструктура во Германија.
Според планираната измена на законот, локалните власти ќе имаат право да побараат од армијата да преземе мерки доколку се оцени дека е потребно. Армијата ќе има право да употреби сила против нелегални беспилотни летала ако сметаат дека е неопходно, се наведува во текстот на амандманот.
Германија е во состојба на готовност за хибридни напади од Русија по инвазијата на Москва врз Украина. Во еден од најновите случаи, полицијата вчера соопшти дека ги истражува сомневањата за руска шпионажа откако биле забележани беспилотни летала над неколку воени постројки во Баварија.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ заедно со нивните судии и обвинители во акција за заштита на мазут мафијата
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот
-
Преглед на вестите од светот
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид