-->
-->
Германскиот претседател нема да се кандидира за втор мандат
-->
Германскиот претседател Јоахим Гаук нема да се кандидира за втор претседателски мадат, поради својата возраст, но и поради здравствени причини, објави денеска германскиот весник „Билд“.
Според истиот извор, ваквата своја одлука 76-годишниот Гаук в понеделник ќе и ја соопшти и на германската канцеларка Ангела Меркел.
Актуелниот петгодишен мандат на Гаук истекува следната година и согласно Уставот на Германија, тој има право на реизбор.
Претседателот на Германија го бира Федерална конвенција, која ја сочинуваат членовите на Будестагот и делегати избрани од германските покраински собранија. Функцијата германски преседател е во голема мерка церемонијална и тој нема политичка моќ. сп/11:10
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?
-
Град Скопје ја објави програмата за Нова Година
-
Хуманитарна акција
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование