Германските безбедносни органи очекуваат немири поради инфлацијата и цените на енергијата

Германската федерална канцеларија за борба против криминалот (БКА) предвидува дека инфлацијата и порастот на цените на енергијата може да имаат негативно влијание врз внатрешната безбедност во земјата и да предизвикаат слични протести како за време на пандемијата на коронавирус, јавија денеска германските медиуми.
– Можеме да очекуваме слична ситуација како за време на протестите против мерките за сузбивање на пандемијата, кога значителен дел од населението се почувствува загрозено од политичките одлуки, се вели во оценката на БКА, цитирана од весникот Тагесшпигел.
Според истиот извештај, екстремните исламистички сили би можеле да ја искористат постојната кризна ситуација за да дејствуваат. – Регистрираме повици за напади врз економската инфраструктура, се наведува во документите на БКА.
Се известува и дека еден лидер на „Исламска држава“ ги повикал следбениците во Европа да ја искористат руската војна против Украина и „нестабилната политичка ситуација во Европа“.
Покрај ширењето на немирите поттикнати од десничарските екстремисти и исламисти, БКА очекува и насилни акции од силите на крајната левица. – Очекуваме протести и криминални дела како и претходните години, како и блокади на објекти од енергетската инфраструктура“, се вели во извештајот.
Пред неколку дена, група активисти за климата ја блокираа работата на електрана на јаглен во источна Германија на половина ден. БКА очекува дека екстремно десничарските сили би можеле да извршат напади и врз политичари, како што беше случај за време на пандемијата.
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
