Германските покраини им одземаат пари и вредни предмети од бегалците
Дел од германските јужни покраини конфискуваат пари и вредни предмети од бегалците при нивното влегување во земјата, признаа локалните власти во покраината Баварија.
- Практиката во Баварија и федералните правила содржани во законите се слични на ситуацијата во Швајцарија изјави денеска баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман за весникот „Билд“.
Според германските закони, како што јави дописникот на МИА од Берлин, парите и вредните предмети можат да бидат одземени од властите доколку тие ја надминуваат вредноста од 750 евра и доколку барателот на азил има или се очекува да има сметка со поголема сума пари.
Во покраината Баден Виртенберг правилата се уште построги, бидејќи полицијата таму може да конфискува стоки во вредности од над 350 евра.
Просечната вредноста на одземените пари и предмети од бегалците просечно е со четирицифрени суми, пренесуваат германските медиуми.
Целта на овој закон кој дозволува конфискација, е да се искористат нивните средства пред да добијат помош од државата.
Ново на Сител
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети