Германско-француска комеморација во Битола и Прилеп

По повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост (Volkstrauertag) амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија во Македонија денеска организираат комеморации на Француските воени гробишта во Битола и на Германските воени гробишта во Прилеп.
Поменот е посветен на сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи.
Во знак на помирувањето на двете држави и како доказ за француско-германското пријателство, во присуство на претставници на државните и локални власти, на дипломатскиот кор и на здруженија, амбасадорката на Сојузна Република Германија Кристине Алтхаузер ќе одржи говор на француските воени гробишта во Битола, а Кристиан Тимоние, амбасадорот на Франција ќе говори на германските воени гробишта во Прилеп.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
