Живот
15. October 2015 - 14:08

Гест за почит: Келнерка почести пожарникари, тие вака и возвратија

Тим Јанг и Пол Холингс од Њу Џерси по завршувањето на напорната смена од 12 часа, одлучија да појадуваат во едно кафуле. Тоа што ги пречека наместо сметката за појадокот навистина ги изненади:

„Ви Благодарам! Вашиот оброк денеска јас го плаќам. Ви благодарам за се што правите, што им служите на другите и одите на оние места од каде сите бегаат. Без оглед на вашата улога, вие сте храбри и јаки..Ви благодарам што сте смели и бестрашни секој ден! Стимулирано од огнот и водени од храброста - претставувате неверојатен пример! Одморете малку! Лиз“.

Штом дошол дома, Тим на својот профил на Фејсбук ги исзвести сите што доживеал во ресторанот и го повикал сите кои ги познава да навратат во овој локал и да купат нешто и со тоа да го поддржат. Додаде и да остават голем бакшиш, доколку ги служи Лиз.

Подоцна е утврдено дека таткото на Лиз е во количка, парализиран веќе 5 години и дека таа води акција за собирање на пари за да му се купи нова количка. Штом Тим го дознал тоа тргнал во акција. Напишал на својот профил: Се покажа дека девојката која ни даде бесплатен оброк всушност е таа на која и треба помош!.

По објавата на Тим, семејството на Лиз доби донација од 70.000 долари, 17 илјади повеќе од она што им требало за количка. „А се што направив е тоа што им го платив појадокот“, изјави оваа девојка. „Не очекував ништо повеќе од насмевка. Изгледа дека и најмалиот гест може да ви го промени животот“.

Ново на Сител