Ги користеле своите малолетни деца за питачење низ скопските улици, приведени петорица

Одделенијата за криминалистички работи во единиците за внатрешни работи при СВР Скопје, во содејство со Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа - Скопје, во текот на изминатата недела преземаа мерки и активности за спречување на „питачење“, велат од МВР.
Притоа, лишени од слобода биле Џ.Ш.(20), С.Р.(20), Е.М.(32) и Ф.С.(20), сите од Скопје, и М.А.(46) од Охрид. Џ.Ш., С.Р., Е.М. и М.А. биле затекнати заедно со своите малолетни деца при питачење на крстосници и булевари на подрачјето на Скопје, со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик. Ф.С. била затекната при питачење на крстосница од булеварите „Словенија“ и „Јадранска магистрала“, поради што била приведена и против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

17-годишна Албанка од Македонија исчезна кај Штутгарт, семејството бара помош
-

МФ: Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители
-

Во Куманово пронајдени три деца во бессознание, затруени од вдишување лепак
-

АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил
-

Трамп: Приказните за американски 300 милијарди долари за Иран се лажни вести
-

„Генералка викенд“: Обединети 70.688 учесници, собрани 684.777 килограми отпад
-

Би-Би-Си: Унгарскиот модел за поттикнување на наталитетот не ги исполни очекувањата
-

Од 50.000 до 5,9 милиони следбеници: Голманот на Кабо Верде, Возиња, светска сензација по мечот со Шпанија
