Македонија
24. јуни 2022 - 16:45

Ги нападнале со стаклени предмети, масовна тепачка во прилепски угостителски објект

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Ј.Ј. (41), С.Ј.(19), Д.Ј.(42) и З.Ј.(43), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираа од МВР.

На 25.12.2021 во угостителски објект на ул.„Орде Тутески“ во Прилеп, пријавените физички и со стаклени предмети ги нападнале К.В., А.Т., С.Б. и А.К., сите од Прилеп.