Свет
27. January 2019 - 14:04

Ги преживеаја стравотиите на Аушвиц: Некогашните затвореници на нацистичкиот логор положија цвеќе на Ѕидот на смртта

Преживеаните поранешни затвореници на некогашниот логор на смртта Аушвиц, на југот на Полска, денеска, на меѓународниот ден на сеќавањто на жртвите на Холокаустот, 27. јануари, положија цвеќе на Ѕидот на смртта.

Преживеаните носеа марами со линии, налик на униформите од логорот на смртта, а некои од нив само ја носеа буквата „П“, симбол со кој Германците ги одбележувале Полјаците.

На почетокот на Втората светска војна, повеќето затвореници од овој логор биле Полјаци, кои тука биле сместени од страна на окупаторските германски сили. Подоцн Аушвиц е претворен во логор во кој масовно се убивале Евреи, Роми и други.

Официјалната церемонија на одбележувањето на 74. годишнина од советското ослободување на Аушвиц, би требало да се одржи подоцна, на местото каде се наоѓаат остатоците од некогашните гасни комори.

Од 1,1 милиони жртви во Аушвиц, најголем дел беа Евреи, а меѓу останатите имаше Полјаци, Роми и Совети.