-->
-->
Гинисов рекорд: Американец уловил 2.645 риби за 24 часа
-->
Професионален риболовец од американската сојузна држава Илиноис, неофицијално, го подобрил сопствениот Гинисов рекорд. Имено, тој фатил 2.645 риби во време од 24 часа.
Џеф Колоџински е познат по прекарот „Маратонец“. Неговиот официјално признат Гинисов рекорд е 2.172 риби уловени за 24 часа, во 2019 година.
Според Колоџински, дека доказите од неговиот нов обид за рекорд ќе бидат обезбедени за разгледување од Гинисовата книга на рекорди. Рибарот се надева дека и неговото ново достигнување ќе добие официјално признание.
Со новиот подвиг, рибарот собира средства за фондацијата „Риболов за живот“. Тој се надева дека ќе се соберат барем 20.000 американски долари за добротворни цели.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло