Гинзбург: „Спутник 5“ без несакани ефекти кај 85 отсто од волонтерите
Александар Гинзбург, директор на Рускиот научен истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, изјави дека 85 отсто од волонтерите кои примиле вакцина „Спутник 5“ немале никакви несакани ефекти, пренесува ТАСС.
Три фази на клинички испитувања на вакцината „Спутник 5“ покажуваат дека не се забележани несакани ефекти кај 85 отсто од волонтерите, рече Гинзбург на прес-конференција во Москва.
Директорот на институтот „Гамалеја“ рече дека 15 отсто од вакцинираните волонтери развиле црвенило на местото на инјектирање и лесна главоболка која поминала во рок од 24 часа.
Најнепријатниот несакан ефект што едно лице може да го развие по приемот на вакцината е температура до 38 степени за два дена, што може да се третира со една таблета парацетамол, објасни Гинзбург.
„Спутник 5“ е првата регистрирана вакцина против коронавирус во светот. Регистрацијата беше извршена на 11 август, а првите испитувања што следеа започнаа во Москва на 7 септември. Два дена подоцна, првиот волонтер ја прими вакцината. Клиничките испитувања опфатија вкупно 40.000 луѓе, од кои 10.000 наместо вакцина примија плацебо.
Ново на Сител
-
Не се срамев од работа, успеав на село со свој бизнис | Сања Димковска | Sitel Podcast 041
-
Тројно убиство во Србија: 22 годишник со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата
-
МЗ: Владата усвои информација за состојбата во хируршките клиники, се укажува да се замени опремата на централната компресорска станица со нова
-
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром