Гир: Цел на санкциите на ЕУ се субјектите одговорни за агресијата врз Украина
Санкциите на ЕУ против Русија се донесени на хируршки начин и се фокусирани за да се осигура дека ќе ги имаат за цел вистинските субјекти одговорни за агресијата врз Украина, вели шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир.
– ЕУ веќе се обиде да ги фокусира тие санкции за да ги има за цел токму тие коишто ги носат одлуките и се одговорни за агресијата. Меѓународниот систем е комплексен, а исто така и трговскиот систем и во тие многу комплексни околности, се прави навистина огромна работа со цел да се фокусираат дејствата, да имаат огромен ефект на Кремљ и на нивните поддржувачи и минимум влијание на населението. Се разбира дека тие дискусии одземаат многу време, затоа што мора да се осигураат дека ќе ги имаат за цел вистинските субјекти. Се разбира дека ЕУ ги прави на хируршки начин тие санкции. Значи, ние одиме чекор по чекор со внесување на санкции, рече на новинарско прашање амбасадорот Гир на онлајн прес-конференција во врска со актуелната криза во Украина одржана заедно со амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер.
Тој додаде дека веќе има и сеопфатен сет на мерки и кон Белорусија и тие санкции ќе продолжат да бидат дел од одговорот на ЕУ.
-Веќе ги спомнав и другите одговори коишто ги имавме досега, другите дејствија вклучително и нашата поддршка. И исто така воена опрема. Тоа што не е на маса тоа е воен одговор, воени дејствија во самата Украина. Тоа беше јасно од самиот почеток и таа ситуација не се менува. Меѓутоа, каква било друга помош, се со цел да се изолира Кремљ за да се идентификува одговорноста дека е таму, јас мислам дека некаде 38 или 49 земји го повикаа Меѓународниот суд за прекршувањата кои се направени, вели евроамбасадорот.
Францускиот амбасадор Бомгартнер подвлече дека не треба да заборавиме дека состојбата постојано се менува и меѓународната заедница и ЕУ делува соодветно на промените.
-Различните последователни санкции се донесени на едно ниво кое што никогаш досега не било постигнато затоа што навистина сите речиси ги поддржуваат и може да дадат моментални ефекти, но прогресивно ќе можеме да оцениме потоа дали ќе има ефекти. Но, одредени ефекти веќе се забележуваат затоа што рубљата е ослабена и тоа е тесно поврзана со оваа реакција на санкции и тоа не само на ЕУ, туку на целокупната меѓународна заедница. Но, не треба да ги заборавиме и индиректните ефекти од санкциите и пошироко како одговор на меѓународната заедница влијанието кое што може да го имаат тие санкции врз перцепцијата на руските граѓани, вели амбасадорот Сирил Бомгартнер.
Ново на Сител
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата