Гир: Одлуката за измени на Уставот ќе треба да ја донесе самата држава
Прашањето околу вметнување на Бугарите во Уставот е суверена одлука што треба да ја донесе самата држава, истакна денеска амбасадорот на Европската унија во земјата, Дејвид Гир.
- По однос прашањето имам две забелешки, а кои не се дел од јавната дебата по прашањето. Всушност, првата е дека живееме во исклучително важни времиња, со нов моментум во контекст на процесот на проширувањето на ЕУ, низ случувањата во Западниот Балкан. Тоа се заснива врз цврстата констатацијата дека тоа се ра боти за заеднички интерес на ЕУ и на Западниот Балкан, како на економски така и на безбедносен план, рече Гир, кој престојуваше во работна посета на Општина Дебрца.
Кога станува збор за Република Северна Македонија, Гир рече дека патот за членство на државата кон ЕУ е отворен, преговорите се во тек, Брисел сака да ја види земјата како полноправна члена на Унијата, со интерес за продолжување на тој процес.
- Што е однесува конкретно на измените на Уставот за вклучување на лицата кои се самоидентификуваат како Бугари, всушност тие промени нема да бидат драматични оттаму што ќе бидат само консолидација на и онака добрата оценка што ја ужива земјата кога станува збор за уредувањето на меѓуетничките односи, изјави евроамбасадорот.
Гир истакна дека секоја држава го уредува Уставот согласно своите специфики, интереси, околности.
- Инклузијата на одредени заедници во Уставот не ги загрозуваат националните интереси на државата. Но, сепак, тоа е прашање што треба да го донесе самата држава, нагласи евроамбасадорот Гир.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
