-->
-->
Гитара на Принс продадена за 700.000 долари
-->
Гитара на починатата поп икона Принс, по долго и жестоко наддавање, е продадена за 700.000 долари, што е највисока цена платена кога било за гитара на покоен музичар.
Првичната цена на прочуената сина гитара „Облак" беше проценета на 60.000.
На истата аукција беше продадена и дијамантска ракавица на Мајкл Џексон за 102.000 долари, а неговата црвена јакна од змиска кожа, од спотот за „Beat it" достигна цена од 118.000 долари.
Ем-Ти-Ви наградата Курт Кобејн е продадена за 62.500 долари, маица на Џими Хендрикс за 106.000, а оригиналот од текстот за песната „Starmen" на Дејвид Боуви за сума од 81.000 долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз