-->
-->
Ѓоковиќ: Алкараз и Синер се предобри
-->

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сезоната ја заврши со четири полуфиналиња на Грен слем турнирите. Едноставно Карлос Алкараз и Јаник Синер се предобри во моментов.
Двајцата се едноставно предобри, играат на високо ниво. Јас по вториот сет останав без енергија. За два сета имав енергија, а потоа повеќе не. Карлос можеше уште да игра во ист ритам, исто беше и со Јаник. Тешко ми е да играм против нив на три добиени сета, особено во завршница на Грен слем турнир, изјави на прес конференцијата 38-годишниот Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ синоќа го загуби полуфиналето од Карлос Алкараз со 3:0 во сетови, а притоа само во вториот сет имаше водство, кое Шпанецот брзо успеа да го надополни.
Во финалето на УС Опен во недела ќе играат Алкараз и Синер.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јаневска: Нема предвремен распуст поради загадувањето и зголемениот број на болни деца
-

Завршни зборови за сообраќајката зад Влада, пресудата во понеделник
-

Нови можности за работна сила
-

Преглед на вестите од светот
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
