Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Мастерсот во Шангај, кој ќе се одржи од 1 до 12 октомври, објавија денеска организаторите на турнирот.
„Се враќа! Нашиот четирикратен шампион повторно доаѓа во Шангај оваа година“, објавија организаторите на социјалната мрежа Икс, илустрирајќи ја пораката со видео од 39-годишниот српски тенисер.
Ѓоковиќ, кој во кариерата има рекордни 24 грен слем трофеи, го одигра својот последен официјален натпревар на почетокот на септември во полуфиналето на Отвореното првенство на САД во Њујорк, кога беше поразен од Карлос Алкараз.
Засега е потврдено дека Ѓоковиќ, до крајот на годината, ќе настапи и на АТП турнирот во Атина (2-8 ноември), додека неговиот настап на Мастерсот во Париз (27 октомври-2 ноември) и на финалниот Мастерс во Торино (9-16 ноември) сè уште не се потврдени.
Ѓоковиќ има четири титули во Шангај кои ги освои во 2012, 2013, 2015 и 2018 година.
МИА
Ново на Сител
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
-

ЛКМ со историско катче кое содржи медицинска опрема од пред 100 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
-

Со помош на Светска Банка рехабилитирани 103км локални патишта - следува подобрување на хигиената
-

36 милиони денари за СКАДА систем во штипски „Исар“
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
