-->
-->
Ѓоковиќ со 42. грен-слем полуфинале го собори рекордот на Федерер
-->
Србинот Новак Ѓоковиќ со триумфот над американскиот тенисер Тејлор Фриц со 3-0 во сетови (6-1, 6-4, 6-4) по 13. пат се пласираше во полуфиналето на УС Опен, а по 47. пат на грен-слем турнирите со што го надмина досегашниот рекордер Роџер Федерер од Швајцарија.
Четвртфиналето беше осми меѓусебен дуел меѓу 35-годишниот српски тенисер и 25-годишниот Американец, а Фриц и натаму е без победа и остана на двата сетови освоени во нивната пресметка во 3. коло на Австралија опен 2021.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против уште еден домашен тенисер, а тоа ќе биде 20-годишниот Бен Шелтон, рангиран на 47 место на АТП листата.
Шелтон рано утрово во четвртфиналето беше поуспешен од сонародникот Френсис Тијафо со 3-1 во сетови (6-2, 3-6, 7-6, 6-2).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата
-
Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија
-
Скопската брза помош го вклучи алармот – ако нема вработувања не знаат како ќе работат летото
-
Папата Франциск ќе биде погребан во сабота во базиликата Санта Марија Маџоре
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции