-->
-->
Ѓорческа денеска игра два меча во Египет
-->

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе одигра два меча на фјучрсот што се игра во Шарм ел Шеик во Египет (награден фонд 100.000 долари). Нашата тенисерка во првиот меч од четвртфиналето ќе игра со Шпанката Сара Сорибес Тормо (5.носителка).
Нејзината ривалка има 20 години и се наоѓа на 123.место на ВТА листата што е нејзин најдобар ранг во кариерата. Во оваа година Тормо има две победи на фјучрс турнири (Есен – 50.000 долари и Сао Паоло – 25.000 долари). Почетокот на мечот е во 16 часот.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа со Романката Кристина Дину (втори носителки) во четвртфиналето ќе играат против Гуадалупе Перез Рохас (Аргентина) и Џил Тајчман (Швајцарија). Почетокот на овој меч нема да биде пред 18 часот, односно по времето за одмор што ќе го има Ѓорческа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Драстичен пад на странските инвестиции - дебакл на Мицкоски
-

Пуштена во сообраќај обиколницата околу Крива Паланка
-

Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
