Тенис
10. February 2024 - 14:37

Ѓорческа елиминирана во четвртфиналето на турнирот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска го заврши настапот на ИТФ фјучрсот во Анталија, Турција, кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Во четвртфиналето третата носителка на турнирот Ѓорческа загуби од Хрватката Тара Вурт со резултат 2:1 во сетови.

За пласман во големото финале Вурт ќе игра против нејзината сонародничка која е прва носителка Тена Лукас.

Ѓорческа до четвртфиналната фаза оствари две победи против Маделиеф Хегеман (Холандија) и Амариса Киара Тот (Унгарија).