-->
-->
Ѓорческа полуфиналистка на фјучрсот во Тунис
-->
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (7.носителка) успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Тунис што се игра за награден фонд од 60.000 американски долари. Таа со пресврт успеа да ја совлада четвртата носителка Силвија Солер-Еспоноза од Шпанија со 2-1 во сетови (4:6; 6:1 и 6:2 во гемови).
Првиот сет Шпанската Солер – Еспиноза го доби со 6:4, а во следните два сета Ѓорческа доминираше и на противничката и препушти само три гема. Скорот во понеи беше 89:74 за Ѓорческа, која имаше и три брејка повеќе во мечот 5:2.
Во полуфиналето нашата тенисерка ќе игра Петра Мартиќ од Хрватска, која со 6:0 и 6:3 во гемови ја совлада Катарина Кава од Полска. Хрватката Мартиќ настапува на турнирот со специјален ранг од причина што лани по Вимблдон немаше ниту еден настап на турнир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада