Тенис
9. July 2015 - 17:39

Ѓорческа поразена во полуфиналето во двојки на фјучрсот во Бурса

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа са се пласира во финалето во двојки на фјучрсот во Бурса откако попладенво со Мелис Сезер загубија од Мелникова (Русија) и Поус - Тио (Шпанија).

Првиот сет со 6:3 го добија Ѓорческа и Сезер, а следниот со 7:5 им припадна на ривалките. Во решавачкиот беше 10:6 на поени за Мелникова-Поус Тио.
Со ова Ѓорческа го заврши настапот на турнирот кој се играше за награден фонд од 50.000 долари и ќе треба да има нов напредок на ВТА листата во двете конкуренции.