-->
-->
Ѓорческа продолжува со победите - ново полуфинале во двојки
-->
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Падова (награден фонд 25.000 долари) откако синоќа во комбинација со Романката Кристина Дину ги победија Џулија Џонс (САД) и Марсела Закариас (Мексико) со 6:4 и 6:4 во сетови. Во мечот за пласман во финалето ќе играат против Наталија Подороска (Аргентина) и Џил Тајхман (Швајцарија).
Инаку, Ѓорческа ја очекува и ривалката во 2.коло во поединечна конкуренција. Таа ќе игра со победничката од мечот на првата носителка Исалин Бонавентуре (Белгија) и Мартина Ди Џузепе (Италија). Резултатот е 1:1 во сетови и 5:4 во гемови за Ди Џузепе. Доколку временските услови дозволат мечевите ќе се играат надвор, а доколку врне можно е и да се игра во сала.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун