-->
-->
Ѓорческа против шестата носителка на фјучрсот во Бурса
-->

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на фјучрсот во Бурса што се игра за награден фонд од 50.000 долари. Таа за противничка ја има шестата носителка Шпанката Лаура Поус-Тио. Нејзината противничка е искусна тенисерка 30. Години, а е рангирана на 193 место на ВТА листата. Нејзин најдобар пласман бил 72 место пред 3,5 години.
Покрај овој меч Ѓорческа денеска ќе го игра и четвртфиналето во двојки заедно со Мелис Сезер (Турција) ќе играат против четвртите носителки Чагла Бујукакчај и Пемра Озген од Турција.
Вчера Ѓорческа и Сезер ги победија во 1.коло Башак Ерајдин (Турција) и Ангелина Габуева (Русија) по сетови 2:6; 6:4 и во решавачкиот беше 10:5 на поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
