-->
-->
Ѓорческа со најдобар ранг во кариерата
-->

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа направи нов скок на ВТА листата и се наоѓа на 311.место што претставува нејзин најдобар ранг во кариерата. Таа пред оваа недела беше 328.место и има скок од 17 места со освоените нови девет поени за четвртфиналето на фјучрсот во Бинаско, Италија.
Претходно нејзиниот најдобар ранг беше на 323.место на 22. февруари годинава. Нашата тенисерка оваа недела ќе настапува на фјучрс во Хамамет, Тунис. Во конкуренција на двојки тенисерката од Тетово се наоѓа на 268.место.
Втората македонска тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска во сингл конкуренција е на 1294.место, а во двојки 1118.место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
