-->
-->
Ѓорческа во 1/4-финалето на турнирот во Бурса
-->

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа конечно во четвртиот меѓусебен меч ја победи Русинката Анастасија Комардина.
Во меч од второто коло на фјучрс турнир во Бурса, Ѓорческа победи со 2-1 во сетови. Првиот сет со 6:3 во гемови и припадна на Комардина. Следните два убедливо со 6:1 и 6:2 ги доби Македонката и намали на 1-3 во меѓусебните дуели.
Мечот траеше еден час и 56 минути.
Утре во четвртфиналето нашата тенисерка ќе игра со победничката од дуелот Валерија Страхова (Украина) - Екатерина Георгадзе (Грузија).
Попладнево Ѓорческа ќе игра и во конкуренција на двојки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
