Ѓорчев: Факт е дека Македонија не почнува преговори со ЕУ
Во своето гостување во Тема на денот на Сител, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев кажа дека е факт дека Македонија не започнува преговори со ЕУ.
- Мислам дека ние сме сега во еден стадиум каде што не се приближуваме до Европа, туку се одалечуваме. Значи, од време на време ќе има по некоја добра изјава но факт е дека во моментов проширување нема да има и факт е дека Македонија не почнува, за жал, преговори со ЕУ, кажа Ѓорчев.
Ѓорчев кажа и дека низа години се вели дека започнува процесот на преговори со ЕУ, но тој процес никако да се случи.
- Зоран Заев во 2018 година направи селфи во авионот заедно со Димитров, со Кочо Аѓушев, со Бујар Османи, Бојан Маричиќ и кажа: „Радувај се Македонијо почнуваме преговори за членство во ЕУ“, 2019 година на избори со Стево Пендаровски го повтори истото, 2020 исто така повторено, и сега повторно се вели дека еден убав ден можеби тоа ќе се случи, додаде Ѓорчев.
Ново на Сител
-

37 годишна скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром
-

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре
-

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане
-

Современото банкарство се одликува со едноставно и приспособено корисничко искуство
-

Николоски: Почнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
-

Пад на инфлацијата во јуни
-

Утре и задуре променливо и нестабилно со пороен дожд, од петок стабилно време
-

23-годишна девојка од Македонија пронајдена почината во стан во Солун
