Ѓорчев: Владата ја уништува демографски Македонија, стануваме држава без народ
Владата ја напаѓаат и демонтираат бројките кои што ги имаме во моментот во Македонија, а заклучокот е јасен дека никогаш во историјата на Македонија сме немале полоши демографски бројки и тие се влошуваат, без разлика дали гледаме за број на родени деца, број на ученици, број на средношколци или број на студенти, вели Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител.
Ѓорчев истакна дека Македонија ги живее своите најтешки демографски години овие неколку години откако СДС е на власт.
Она што е евидентно според бројките е тоа што Македонија ги живее своите најтешки демографски години овие неколку години. Според податоците на Државниот завод за статистика прв пат во 2019 година имаме повеќе умрени отколку родени лица во Македонија. во 2022 година имаме најмалку родени во историјата односно само 17.700 бебиња. Значи демографска година, рече тој.
Ѓорчев истакна дека во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2016та година имало 23.002 родени бебиња, додека во време на владата на СДС во 2019та година имало 17.700 родени бебиња.
Само за потсетување 2016 година значи во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ имавме 23.002 бебиња. Е сега на тие 23.002 бебиња Зоран Заев, Мила Царовски и Стево Пендаровски велеа малку е лошо е, а еве сега дојдовме до 17.700 бебиња, додаде тој.
Ѓорчев потенцираше дека само во март месец годинава има пад од 18 проценти на новородени деца.
Само во март оваа година падот на новородени деца во однос на најлошата 2022 година е 18 проценти. Ако ги видиме бројките од првиот квартал од 2023 година и ги споредиме со првиот квартал 2016 година, доаѓаме до една фрапантна бројка, ужасна броја, а тоа е дека бројот на родени деца во Македонија е падната за 40 проценти, нагласи Ѓорчев.
Ѓорчев рече дека неколку пати реагирал дека ова е сериозна тема бидејќи Македонија станува земја без народ, но како што рече на владата око не и трепнува.
Во собрание 100 пати сум реагирал, и на Зоран Заев и на Мила Царовска и на Стево Пендаровски, ова е озбилна работа, ова е иднината на Македонија. Нема држава без народ, празна пуста земја станувам. Но, око не им трепнува, ароганција, посочи Ѓорчев.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
-

Божиќна честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко - скопски епарх
-

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја
-

Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
