Македонија
5. October 2021 - 18:27

Ѓорчев: Зоран Заев и Венко Филипче заедно ќе си паднат

Денес повторно видовме дека власта нема осет и нема жал за 14-те луѓе живи изгорени во Ковид болницата и 7.000 починати од Ковид.

Наместо пристојност и етика, СДСМ и ДУИ решија да ја спасуваат коалицијата.

Четиринаесет луѓе живи изгореа во пластичниот киоск на Зоран Заев и Венко Филипче.

Четиринаесет семејства се во црнина поради нивната неодговорност, поради нивниот срам и брука, поради тоа ужасно, смртоносно профитерство.

Почитувана македонска јавност,  тие одбраа да паднат заедно. И да Зоран Заев и Венко Филипче заедно ќе си паднат.

Народот е револтиран, овој срам и брука во Македонија ќе заврши. А оние кои што се виновни ќе одговараат.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ