Ѓоргиев за Сител: Контроверзниот Ванчо Михајлов не може да биде мост на поврзување меѓу двете земји
Остро го осудивте настанот во Битола, велите дека се рушат последните надежи за пристоен дијалог со Бугарија. Како го видовте овој чин?
-Станува збор за именување на културен центар со избор на една извонредно контроверзна историска личност која зад себе носи хипотека поврзана со најмрачната идеологија позната на човештвото и личност која кај Македонците оправдано буди најнегативни чувства. Несфатливо е зошто покрај многу други личности поврзани со бугарската култура и уметност, па дури и со историјата, кои можат да бидат мост на поврзување и по кои може биде наречен клубот, е избрана баш таа личност. Изборот за кој однапред се знае дека ќе предизвика негативни реакции во македонското општеството секако нема да помогнат во зајакнување на дијалогот и довербата.
Ако дојде на дневен ред за расправа во Комисијата, ќе биде ли Ванчо Михајлов нова тешка пречка за договор?
-Оваа личност не е дел од разговорите на Комисијата. Но, доколку дојде на тема за дискусија на Комисијата, поточно за неговите претстави во историското образование, тоа може да биде само дел од дискусијата за негативната улога на одредени личности соработници со фашистичката коалиција и потребата да се осудат тие и нивните постапки во минатото и штетноста за мирот на Балканот и во Европа од рехабилитирањето на фашистичките соработници и приврзаници.
Потпретседателката Јотова ја повика историската комисија побрзо да работи на учебниците во средно училиште, како и отворање на архивите со цел рехабилитација на бугарските жртви од комунизмот во архивите. Како го коментирате ова и дали учебниците за средно се некое ново барање, бидејќи досега во комисијата се расправаше за оние во основно образование?
-Во однос на оваа изјава, треба да се укаже, дека изјавите на политичарите за работата на Комисијата треба да бидат во насока на создавање на услови за професионална и од политички влијанија ослободена работа на членовите на Комисијата. Изјавата за учебниците во средно е очигледен лапсус или, пак,погрешно добиена информација.Во однос на архивите и нивното отварање, колку што знаам тие се отворени и секој оној кој сака да истражува може да отиде во архивите. Сепак, најдобар одговор ќе добиете од одговорните лица во архивот.
Бугарската министерка Генчовска вели дека според нејзини сознанија напредок во историската комисија нема. Дали ако продолжат ваквите средби без конкретен договор, размислувате за оставка во Комисијата?
-Последните развои, поточно последните две средби на Комисијата овозможија да се приближиме во разговорите кон затворање на прашањето за препораки за учебниците по историја за 6 клас и 7 одделение. Во тој контекст политичарите треба да бидат внимателни во изјавите да не ја минираат работата на Комисијата и да не ја користат за внатрешни политички потреби.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето