Ѓорѓевски: Одлуката на БПЦ остава простор за различни интерпретации
Неизвесно и неблагодарно е да се дадат какви било проценки пред да се видат кои се следните чекори кои ќе ги преземе Бугарската православна црква. Очигледно е дека е избрана поинаква, подолга и за нас сè уште непозната патека, вели во интервју за МИА проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Св.Климент Охридски“-Скопје, во врска со одлуката на БПЦ да ја застапува МПЦ-ОА пред дугите помесни православни цркви за утврдување на нејзиниот канонски статус.
- Сè ќе беше поинаку доколку БПЦ покажеше одважност и го беше прифатила барем предлогот за воспоставување евхаристиско единство меѓу двете цркви. Тоа ќе ги охрабреше и останатите пријателски православни цркви на истиот чекор и дури тогаш ќе можеше да се говори за сериозен напредок во процесот на решавање на македонското црковно прашање, наведува Ѓорѓевски
Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како што посочува, очекуваше поинаков одговор на своето писмо, согласно двете главни барања кои недостасуваа во одлуката на САС на БПЦ: Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА и да се воспостави евхаристиско единство меѓу двете цркви. Вака срочената одлука, пак, остава простор за различни интерпретации, па затоа било какви предвидувања во моментов се повеќе од провизорни, нагласува Ѓорѓевски.
Тој смета дека проблемот со прифаќањето на автокефалноста на МПЦ-ОА има силна политичка позадина и затоа е потребно да се создаде соодветна политичка клима за негово позитивно и правилно разрешување.
За реакциите во јавноста од темата за БПЦ како „мајка-црква“, Ѓорѓевски појаснува дека од страна на САС на МПЦ-ОА беше предложено МПЦ да ја препознае БПЦ како „мајка црква“, кога и ако ја прифати и прва ја признае нејзината автокефалност.
- Тоа ќе беше потврда за сторената храброст, одважност и решителност во прифаќањето на реалноста и статусот на Македонската православна црква. Наместо тоа, засега имаме само декларативно прифаќање на „мајчинството“, вели деканот на Богословскиот факултет во Скопје.
Називот „мајка-црква“, истакнува Ѓорѓевски, значи дека, кога една локална црква ќе препознае дека еден дел е способен да постои како самостојна црква, таа треба да даде согласност и со тоа да го овозможи непречено нејзиното делување.
- Во текот на сите овие изминати години МПЦ-ОА постојано се обраќа кон Српската православна црква како кон „мајка-црква“ (затоа со неа и се водат официјалните разговори околу нашето црковно прашање), па се нема забележано некоја посебна реакција, а камоли ваков интензивен емотивен набој и нетрпение во јавноста, додава Ѓорѓевски во интервјуто што МИА денеска ќе го објави во целост.
Ново на Сител
-

Шестмина убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан
-

Стејт департмент: Израел и Либан се согласија на 45-дневно продолжување на примирјето
-

Трамп: Убиен е заменик-лидерот на Исламска држава во американско-нигериска операција
-

Врховниот суд на САД го отфрли барањето на демократите од Вирџинија за прераспределба на изборните единици
-

Трамп: Договорот за продажба на оружје на Тајван е многу добра преговарачка алатка со Кина
-

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
