Ѓорѓиевски: Гоцевата е и наша борба, Гоце е Македонија
Денеска се одбележуват 119 години од смртта на Гоце Делчев. По тој повод, делегација од Општина Кисела Вода, предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, положи свежо цвеќе во црквата „Свети Спас“, на гробот на еден од најголемите македонски револуционери, кој е трајно запишан во македонскиот идентитет.
-Големо е името Гоце Делчев. Големи се визиите, соништата за сплотена и слободна Македонија, борбата за идеалите. Големо е Гоцевото дело, кое и денес е наш завет пред иднината. Негувањето на споменот за овој великан кој со живот ја плати љубовта кон татковината, почитта со која го споменуваме е дел од кодот на секој вистински Македонец. И денес, 119 години по неговата смрт, се поклонуваме пред херојството, пред македонската историја која сакаат да ја искриват, обезличат и присвојат. Сега, Гоцевата е и наша борба, опстанокот наспроти сите негации на македонското постоење, македонската реалност и македонската вистина се аманетот кој тој ни го остави. Гоце е Македонија!, изјави градоначаликот Орце Ѓорѓиевски кој положи цвеќе и се поклони пред неговиот гроб во црквата „Свети Спас“.
Ново на Сител
-
Илон Маск и неговите „обиди за мешање“ во европската политика
-
Дејан Чиплаковски по трет пат го фаќа Чесниот Крст во Берово
-
Сиљановска-Давкова: Богојавление – Водици нека биде поттик за сите нас со верба да продолжиме по патот на љубовта и правдата
-
Честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици
-
Најстудено во Берово -13 степени, најмногу снег на Попова Шапка
-
Ограбен автомобил на бугарски државјанин во Скопје, осомничени двајца соизвршители
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаров: Мораме да ја победиме Гвинеја