Ѓорѓиевски: Владата е криминална, тоа го потврдува ГРЕКО
Владата е криминална, тоа го потврдува ГРЕКО. Македонија е држава каде премиерот е криминалец, а министерот за внатрешни главен заштитник на криминалот. Со Заев и Спасовски Македонија стана дефиниција за заробена држава.
Полицијата е окаратеризирана како најкорумпирана институција во Македонија според извештајот на ГРЕКО, граѓаните наместо заштитник во полицијата гледаат во нејзе криминал и рекетар. Зоран Заев и Оливер Спасовски допринесоа за разнишување на угледот на полицијата во очите на граѓаните и за нејзино претворање во заштитник на криминалот.
Полицијата е корумпирана, затоа што Заев и Спасовски наместо да бркаат криминалци преку МВР распишуваат тендерски постапки за делење на милионски бизниси на луѓе блиски до власта.
Преку МВР на најсомнителен можен начин беа доделени неколку лиценци за возачки испитни центри на фирми формирани непосредно пред да биде распишан огласот, без никакво претходно искуство, а од игра беа исфрлени фирми со децениско искуство.
МВР е корумпирана и затоа што набави возила во висина од 1 милион евра, вредност поголема од нивната малопродажна цена.
Заев и Спасовски ја корумпираа МВР на секое ниво. Заев и Спасовски ја претворија МВР во заштитник на криминалот.
Господине Заев, поради вас полицијата е нотирана како политизирана институција во извештајот на ГРЕКО. Тоа е затоа што ја уништивте професионалноста, ги санкционирате сите професионалци, за сметка на партиски војници.
Заев и Спасовски ја претворија полицијата во партиско дувло за да им го штити криминалот и да не постапува по сомнежите за криминал во кој се вмешани речиси функционери на власта.
Две ипол години нема ниту една акција против функционери на власта, иако цела држава бруи дека рекет мава секој партиски функционер од СДСМ, од маалски шериф до челниците на власта.
Господине Заев немојте да мислите дека ова ќе продолжи вака. Криминалот ќе биде санкциониран, а вие, како и сите други кои ви помагаат во криминализирањето на Република Македонија ќе одговараат кога ќе се врати правната држава во Република Македонија.
Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тешко повреден 18-годишник во сообраќајка на регионалниот пат Демир Хисар – Битола
-
Приведен крадец од Скопје баран по потерница
-
Патник загинал, а четворица полицајци повредени во две последовални сообраќајки кај Крива Паланка
-
Хамас: Од 70 до 200 палестински затвореници ќе бидат депортирани од Појасот Газа и од Западен Брег
-
Промовирани 497 нови полициски службеници од генерација 2024-2025
-
Бела куќа: Итно е потребно продолжување на примирјето во Либан
-
Стејт департментот ги замрзна речиси сите американски програми за меѓународна помош
-
При украински напад со дронови запалена руската рафинерија за нафта во Рјазан