Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, а Меџити во Чаир

Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје води со освоени 41,23 од гласовите според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК). Зад него е Амар Мециновиќ од Левица со 12,76%, потоа се Башким Бакиу од ВРЕДИ со 12,22, Скендер Реџепи од НАИ со 10,98 и Каја Шукова од СДСМ со 11,09%.
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ бележат водство и во повеќето скопски општини.
Во општина Аеродром, кандидатот Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ води со освоени 54,43 проценти од гласовите, пред кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски, кој има 19,08 проценти.
Во Бутел, води Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој има 53,48 проценти пред Исамедин Азизи од НАИ со 27,73 проценти.
Во Гази Баба, водство има Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ со 57,40 проценти, додека Влатко Митовски има поддршка од 18,84 проценти.
Во Ѓорче Петров, кандидатот Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ води со 59,28 проценти, а неговиот противкандидат од СДСМ, Костадин Ацевски, има 19,53 проценти.
Во Карпош, Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ води со 36,77 проценти, додека Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 29,57 проценти.
Во Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 58,38 проценти, пред Јане Ацевски од Левица кој има 17,02 процент.
Во Центар, водство има Горан Герасимовски од СДСМ со 39,25 проценти, пред Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ кој има 27 проценти.
Во Сарај, води Мухамет Елмази од ВРЕДИ има 49,56 проценти, пред Блерант Рамадани од НАИ со 48,66 проценти.
Во Чаир, Изет Меџити од ВРЕДИ има поддршка од 50,88 проценти, додека Бујар Османи од НАИ има 39,67 проценти.
Во Шуто Оризари, води Курто Дудуш од Унија на Роми со 41,58, пред Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ со 23,23.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Првите 30 електрични автобуси ги очекуваме во декември или јанаури
-

Иран повтори дека планира да наплаќа за минување низ Ормуската Теснина
-

Регистрирани 15 пожари на отворено - седум се изгаснати, шест се активни, а два се под контрола
-

Зајакната акциска контрола на МВР - санкционирани 60 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол
-

Земјотрес од 7,4 степени во Колумбија, најмалку 20 загинати
-

МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на политички пресметки
-

Во текот на изминатото деноноќие 15 лица uapseni поради безобѕирно управување моторно возило
-

Побарал возило на заем од познаник, наместо да го врати кажал дека е дефект и го продал на друго лице
