Ѓукановиќ: Црна Гора е пред предвремени избори
Црна Гора се соочува со предвремени парламентарни избори, кои треба да доведат до формирање на одговорна политичка влада, со цел враќање на целосната функционалност на земјата, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
Според соопштението на Канцеларијата за односи со јавноста на претседателот, Ѓукановиќ се сретнал со новоименуваниот регионален директор на Фондацијата Конрад Аденауер, Јаков Девчиќ, кој е во посета на Црна Гора.
Ѓукановиќ нагласи дека неодамнешните настани во парламентот доведоа, според неговите зборови, до дерогирање на врховниот закон.
– Црна Гора реално се соочува со предвремени парламентарни избори, кои треба да доведат до формирање на одговорна политичка влада со цел да се врати целосната функционалност на земјата, нагласи Ѓукановиќ.
Девчиќ истакна дека очекува продолжување на соработката и во иднина, како и подобрување на активностите на фондацијата, која ја поддржува независна Црна Гора на нејзиниот пат кон Европа.
Зборувајќи за актуелната институционална и политичка криза, тој рече дека уставот на една држава не може да се менува поради незадоволство, ниту пак врховниот закон да биде жртва на нечија волја.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
