Ѓулен е уверен дека САД нема да го екстрадираат

Исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого турскиот претседател Реџеп Тајип Ердога го обвини дека е одговорен за обидот за пуч на 15 јули, изрази увереност дека САД нема да го екстрадираат во Турција.
- Сосема е јасно дека тоа барање е политички мотивирано и јас верувам дека фактите ќе го потврдат тоа. Многу пати го осудував обидот за воен преврат и категорично отфрлам дека сум вмешан во него, изјави Ѓулен во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.
Според него, би било „предавство“ на најдлабоките вредности, кои тој ги проповеда, доколку некој што ги читал неговите трудови, ги слушал неговите предавања или ги споделува неговите гледишта, е вмешан во обидот за преврат во Турција.
Во меѓувреме, Ѓулен го обвини Ердоган и неговата партија дека по долг период на управување страдаат од „труење со власт“.
- Сега гледам дека премногу сум им се доверувал. Жалам што им верував дека се искрени во своите ветувања, додава Ѓулен.
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
