Главната сириска опозициска група тврди дека не добила покана за учество во преговорите во Казахстан

Главната сириска опозициска група ги повика синоќа бунтовничките групи да соработуваат во сите „искрени регионални напори“ за постигнување прекин на огнот, но напомена дека таа не била поканета на никаква конференција, алудирајќи на средбата во Казахстан.
Главниот координарот на Високиот преговарачки комитет Ријад Хиџаб ја посочи неопходноста од мерки за создавање доверба и на соодветна атмосфера на преговорите за политичка транзиција, кои треба да се одржат во Женева под покровителство на Обединетите нации.
- Ги поддржуваме промените во ставовите на некои меѓународни сили и позитивните, искрени напори, кои можат да бидат отскочна даска за реализирање на очекувањата на сирискиот народ преку постигнување спогодба, со која ќе се обезбеди безбедност и стабилност, истакна Хиџаб во писмена изјава.
Според Хиџаб Комитетот не е информиран за подготовките на преговорите во Казахстан, предложени од Русија, но додаде дека „изнесувањето на јасен дневен ред ќе помогне да се одредат позициите на активните страни“, ангажирани за решавање на конфликтот.
Ново на Сител
-

Греењето на дрва се намалува секоја година за 10%, на граѓаните сега им се достапни и банки за струја кога произведуваат електрична енергија
-

Истрага за загрозување на животна средина
-

Филипче на средба со земјоделците
-

Со вежба за помош на мигранти во Струмица одбележан Денот на првата помош
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
