Живот
17. March 2017 - 11:08

Главните актери на култната серија „Подобар живот“ повторно заедно

Три децени по премиерното емитување, првата постава на култната телевизиска серија се најде на исто место и во исто време заради снимање, но овој пат не на нови епизодо, туку за насловната на јубилејниот, 600-ти број на магазинот Стори, а оваа средба евоцираше лавина на спомени и иницираше сеќавања кои немаат рок  на траење.

Улогите на членовите на семејството Попадиќ како типично југословенско семејство ги играа: Марко Николиќ -  Драгиша - Гига, Светлана Бојковиќ ја играше неговата сопруга Ема, а во улога на нивните деца се појавија Драган Бјелогрлиќ - Боба, Лидија Вукичевиќ - Виолета и Борис Комнениќ како Александар - Саша Попадиќ.