-->
-->
Глетка од која се стаписал: Огромен пајак уловил и влечел глушец на неговиот фрижидер
-->
Кога Џејсон Вомал од австралискиот град Копабела, тргнал на работа, не ни претчувствувал на каква глетка ќе наиде.
„Сакате ли да видите нешто неверојатно? – го прашал соседот на што тој одговорил: „Да, секако“.
Џејсон отишол до куќата на соседот каде виделе огромен пајак како се обидува да изеде глушец.
Станува збор за видот Sparassidae (англиски Huntsman) кој може да порасне и до 30 сантиметри!
„Што ќе направи со него? Човеку ова е така кул“ – може да се слушне на снимката додека пајакот го влече глушецот по фрижидерот.
Џејсон направил уште неколку фотографии од пајакот и глушецот, а неодамна објави и порака во која порачува дека пајакот е добар и оти го нарекле Херми.
„Го посвоивме и сега тој работи како “истребувач“ во Копабела и плаќа станарина. ЛОЛ“ – напишал Џејсон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седници на две собраниски комисии
-
Во Њујорк прва средба Муцунски - Герапетритис
-
Претседателката на Собранието на Албанија во посета на Северна Македонија
-
Израелската армија соопшти дека спроведува „опсежни“ напади врз цели на Хезболах во Либан
-
Состојба на патиштата
-
Топло со ниски утрински температури, утре и задутре дожд
-
Две деца загинаа при уривање на двокатната зграда во Неапол
-
Обилните снежни врнежи го блокираа сообраќајот во Јужноафриканската Република, една жена почина