Глигоров: Ако PayPal не реагира, ќе се преговара со други платежни провајдери
Ако PayPal не реагира во некој разумен рок, ќе се премине на контактирање други платежни провајдери актуелни во светот, најавува Венко Глигоров, основачот на Логин Системи и водачот на приватната инцијатива за воведување PayPal за електронска трговија во Македонија.
Во денешното писмо до официјалните лица на глобалниот платежен сервис, Глигоров ги посочува придобивките на PayPal со отворањето на платежниот систем во Македонија.
Приватната иницијатива за воведување PayPal, потсетува Глигоров, наиде на поддршка од преку 1.000 претприемачи и професионалци, а Министерството за финансии се заложи да ја предводи државната меѓуресорска група составена од надлежните министерства, Народната банка на РМ и банкарскиот сектор.
- Целите на иницијативата се да се отворат нови можности и продажни канали на македонските претприемачи и професионалци, да се намали одливот на „мозоци“ од Македонија и да се ублажи даночната евазија заради отворање сметки на ПејПал во странство од страна на македонските граѓани и бизниси, наведува Глигоров.
Писмото што го испрати Венко Глигоров е продолжение на комуникацијата на Министерството за финансии со PayPal од летото годинава.
Ново на Сител
-
Започна одбележувањето на 11 Октомври
-
Малолетници се обиделе да силуваат соученик со стаклено шише во Скопје
-
Тема на денот со Ивон Величковски, лидер на партијата Движење за нова република
-
Стравичен случај во Ѓорче
-
Љубов кон татковината
-
Двојни аршини за Балансерот
-
По заминувањето на Тачи, Села тврди дека фронтот на ДУИ е стабилен
-
Ќе ги спречи ли државата големите маркети да го изиграат Законот за нефер трговски практики