Глобочица порибена со пастрмка и крап

Акумулацијата „Глобочица“ денеска беше порибена со 8.000 единки подмладок од речна пастрмка и 1.700 крап, во рамки на програмата на Министерството за земјоделство за порибување на водите што во моментов немаат концесионер.
На порибувањето присуствуваше и ресорниот министер Љупчо Николовски, кој посочи дека целта на акцијата е зачувување и заштита на автохтоните видови риби во речните води, како и одржување на популацијата риби во риболовните води што не се доделени на концесија.
- Во годинашната Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за порибување на риболовните води без концесионер се обезбедени 300.000 денари, со кои ќе изврши порибување со вкупно 150 килограми подмладок речна пастрмка или околу 30.000 единки и 350 килограми подмладок крап, односно околу од 2.350 единки, изјави министерот Николовски.
Обезбедените количини, појасни, се наменети за порибување со пастрмка на акумулацијата „Глобочица“, риболовните ревири „Црн Дрим 2“, „Охридски слив“, „Треска 1 – Кичевски регион“ и „Црна река 1 - Демирхисарски регион“. Со крап ќе бидат порибени Акумулациите „Глобочица“ и „Ратево“.
- За реализација на порибувањето МЗШВ има потпишано договор за обезбедување порибителен материјал и порибување води без концесионер со подмладок од пастрмка со репроцентарот ЗЗ Охридска риба - Струга за подмладок од речна пастрмка и со репроцентарот Акватика ДООЕЛ - Неготино за подмладок од крап, информира Никиоловски.
Министерот соопшти дека е во тек постапката за доделување концесија на рибите за организирање рекреативен риболов на овие риболовни води и очекува да биде финализирана до крајот на септември.
- Со доделувањето на рибите под концесија за организирање рекреативен риболов, обврската за порибување, како и физичката заштита на рибите во риболовните води ќе бидат обврска на идниот концесионер, додаде Николовски.
Порибување денеска, како што најави министерот, ќе се врши и на риболовниот ревир „Црн Дрим 2“ со 20 килограми речна пастрмка. Во текот на утрешниот ден ќе се порибат останатите риболовни води предвидени во планот. Покрај водите без концесионер утре ќе се порибува и акумулацијата Шпиље со подмладок од пастрмка.
Во годишната Програма Министерството се предвидено мерки и средства за порибување на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, како и за акумулацијата Шпилје. За ова се издвоени 7.7 милиони денари.
Ново на Сител
-

Уште еден починат од западнонилска треска на Инфективната клиника, хоспитализирани 20 пациенти од кои пет со потешка клиничка слика
-

МВР: Пронајдени 10 лица - мигранти од Египет, лишен од слобода криумчарот од Латвија
-

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив
-

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии, очекуваме гаранции од европските институции
-

Французин пронајден мртов на лежалка во Ксамил, се сомнева дека бил избоден до смрт од албански државјанин
-

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и во општина Студеничани
-

Муцунски: По 2019 година повторно ќе се одржи Амбасадорскиот совет, ќе постави конкретни задачи за дипломатската мрежа
-

Неизвесен настапот на Синер на УС опен
