„Глобус“: Нови избори во Хрватска најверојатно на есен или во зима
Хрватскиот експеримент со тројната власт на Тихомир Орешковиќ, Томислав Карамарко и Божо Петров полека, но сигурно се ближи кон крајот, пишува хрватскиот неделник „Глобус“ и констатира дека повеќе прашањето не е дали ќе има предвремени избори, туку кога тие ќе се одржат тие.
Сигурно е само дека граѓаните ова лето нема да излезат на гласачките места, а најреална е опцијата дека изборите ќе се одржат на есен или на почетокот на зимата.
Соговорници на „Глобус“ и од левицата и од десницата и од центарот сметаат дека Владата и натаму ќе се движи кон амбис, но оти во последен момент ќе биде спречен нејзиниот пад.
Падот на Владата, наведува неделникот, ќе се одложува се до часот кога тоа навистина нема да биде можно нејзино опстојување и кога и јавноста едноставно ќе побара да се прекине агонијата.
Во моментов, според „Глобус“ не е така, но тоа не е далеку, а изборите во овој момент не им одговараат ниту на ХДЗ, ниту на Мост. Со внимание се чека изборниот собрание на ХДЗ, кој ќе биде одржан на 28 мај и одмерување на силите меѓу Томислав Карамарко и Милијан Бркиќ, по што многу работи ќе бидат појасни.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пуцко Петрол со најголем пораст на приходот во време на СДС и ДУИ
-
Уставен се подготвува за седницата за Законот за јазиците, ДУИ предупредува за политичка криза
-
И да се зголеми минималната плата во Македонија, пак ќе биде најниска во регионот
-
Нелојална конкуренција се жалат медарите
-
Преглед на вестите од светот
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана