Loading Video...
Ф1
4. July 2020 - 18:14

ГН Австрија: Ботас со подобро време од Хамилтон

Конечно стартуваше сезоната во Формула-1 и тоа со големата награда на Австрија. Најдобро време на еден круг постигна пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас со што обезбеди пол позиција за утрешната трка. 
Иако пред празни трибини како што ќе се вози и утрешната главна трка сепак следеа максимални возбудувања на овалната патека Ред Бул Ринг во Австрија благодарение пред се на расположениот Валтери Ботас од екипата на Мерцедес кој денеска го засени и светскиот првак и клупски колега Луис Хамилтон кој пак доминираше на тренинзите. На крајот  Британецот се најде на втората стартна позиција со 12 илјадити делови од секундата зад Ботас на кого ова му е трета пол позиција и интересно постави рекорд на патеката минувајќи еден круг за една минута и две секунди.  Трето време по вредност обезбеди пилотот на Ред Бул Макс Ферстапен. 
Од денешното издание можат да бидат разочарани фановите на Ферари бидејќи Леклер го обезбеди скромното 7-мо место додека Себастијан Фетел не успеа да влезе во последната серија па утре започнува од 11-тата позиција.