-->
-->
ГН Бразил: Фетел победник, Хамилтон херој
-->

Себастијан Фетел стигна до „утешна“ победа на Бразилското ГП во Интерлагос, откако на минатата трка во Мексико неговиот ривал Луис Хамилтон ја запечати четвртата светска титула.
Фетел од стартот го помина освојувачот на пол-позицијата, Валтери Ботас во вториот Мерцедес и го контролираше текот на трката за победа пред Ботас и вториот возач на Ферари, Кими Раиконен. Ова е 47. победа во кариерата на четирикратниот светски шампион, и трета на патеката Интерлагос, а исто така е и 98. подиум во кариерата, со што се одвои од Фернандо Алонсо и сега е сам на четвртото место на вечната листа, само зад Михаел Шумахер (155), Луис Хамилтон (116) и Алан Прост (106).
Зад нив, Луис Хамилтон, кој стартуваше од боксот по излетувањето на саботните квалификации и менувањето на делови на моторот на Мерцедес, имаше фантастична трка, стигнувајќи до четвртото место и во финишот на трката предизвикувајќи го Раиконен за последното место на подиумот, но на крајот Финецот стигна до јубилејниот 90. подиум во кариерата.
Петтата победа во 2017, Фетел ја обезбеди уште на првата кривина, кога го помина Ботас, и ја донесе првата радост за Ферари од Унгарското ГП во јули. Зад лидерите, Кевин Магнусен го „притисна“ Штофел Фандорне кон Даниел Рикјардо предизивувајќи судир и приморувајќи излегување на безбедносното возило.
По ре-стартот, Фетел го задржа водството пред Ботас, Раиконен и Ферстапен, додека Фелипе Маса во последната домашна трка ги воодушеви фановите со претекнување над Фернандо Алонсо за петтото место.
Хамилтон, на меки гуми, имаше одличен програс и веќе во деветтиот круг го помина Пјер Гасли за 10. место. Влегувањата во боксот не сменија многу кај лидерите, иако Хамилтон накратко беше лидер, пред во 43. круг да влезе во боксот и потоа да биде најбрзиот возач на патеката, лесно поминувајќи го Ферстапен на 12 круга пред крајот.
Ферстапен, кој се мачеше со гумите во финишот на трката, на крајот беше петти пред колегата Рикјардо, додека Маса го издржа обидот во последниот круг на Фернандо Алонсо за да го освои седмото место. Серхио Перез беше деветти за Форс Индија, пред Нико Хилкенберг во Рено.
До крајот на трката останува уште „класичната“ трка во Абу Даби, каде на патеката вредна 1 милијарда долари ќе се стартува во самрак, а ќе заврши како ноќна трка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во недела поради улична трка посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Сиљановска-Давкова - Берсе: Фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување може да создадат негативни политички тенденции
-

79-годишник од Скопје допирал малолетна сосетка во својот дом
-

Заложничка криза во банка во германскиот град Зинциг
-

Мицкоски на отворањето на „Плазма - Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија
-

Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани
-

Сиљановска-Давкова: Патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето
-

Велешанка била измамена со СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок
